Да го утврдиме почетокот:
1. Црвјата дупка води до систем со црна дупка.
2. Немаме поим како црната дупка функционира од внатре
3. Претпоставуваме дека некоја пријателска вонземска сила ја ставила црвјата дупка во наша близина, и при нејзиниот крај има планета што може да се насели, бидејќи инаку тоа не изгледа природно и се' некако погодено.
4. Гравитацијата е важна за целата приказна и дејствието и науката. Црните дупки се пренатрупани со гравитација. Гравитацијата влијае на тоа како тече времето, и гравитацијата е единствената сила која може да биде пренесена низ времето и можеби и преку други димензии.
Сега за крајот:
1. ТАРС (роботот) и Купер (Меконахи) се пуштени во црната дупка.
2. Таа е подеднакво чудна како и црвјата дупка.
3. Тие се однесени до Тесерактот, кој изгледа дека е произведен (не е природна творба) и е конкретно направен за Купер.
4. Тесерактот е 5-димензионален простор, кој му дозволува на Купер да ги гледа просторот И времето послани пред него, и му дозволува да навигира до одредено место што му е познато: собата на Марфи (ќерката на Купер).
5. Да потсетиме, гравитацијата е единствената сила која може да биде пренесена: користејќи гравитациски бранови, Купер ги манипулира предметите во собата (на Марфи) со тоа што ја менува гравитацијата. Тој ја користи гравитацијата да и' испрати многу важни бројки на Марфи преку часовникот. Бројки за работи кои можат да се измерат само од внатре во црната дупка.
6. Тука завршил работа, Тесерактот се затвора и тој е исфрлен надвор.
Што сфаќаме од ова?
- Целиот сетап е направен со цел да се осигура дека мерките од црната дупка ќе и бидат испратени на Марфи, што ќе осигура дека тие ќе можат да изградат вселенско летало кое ќе го спаси човештвото.
- "Помагачите" се многу вешти во манипулирање на гравитацијата и во следење работи во петата димензија, меѓутоа никако поинаку не можат да комуницираат со луѓе. Исто како и Купер, и тие можат само да манипулираат гравитација, бидејќи таа е единственото нешто што може да биде пренесено низ времето.
- Кои суштества од иднината би можеле да бидат заинтересирани за преживување на човештвото? Идните луѓе. Веројатно луѓе од паралелна димензија - кои можеби осигуруваат дека луѓето од оваа димензија ќе преживеат, што ним би им дозволило да дојдат и во овој Универзум. Осигурувајќи го успехот на човештвото, тие го осигуруваат и своето сопствено постоење, создавајќи стабилен временски круг.
извор
Гледаш? Пак исто...
*********************************
Писмо од Клео:
Здраво, Трендо, извини за ремет во недела вечер...
Интерстелар... цела недела ги правев титлите внимавајќи на квантно-физичките-гравитациско-загугуљените постулати во филмот и малку ми е чудно што крајот не бил јасен (на англиско говорните гледачи сигурно им е потешко да ги разберат нивните филмови пошто не читаат титли - како што беше случајот со Вистински детектив, првата сезона. Полесно беше да читаш Тексашани одошто да ги слушаш).
Значи, како што забележал некој и во дискусијата под изворот на објаснувањето: Црвоточината до црната дупка ја поставиле луѓето што се потомци на колонизаторите што тргнаа од Земјата за да обезбедат дека мисијата фактички ќе тргне. Што не е јасно тука? Вообичаена парадоксална временска каузалност :)
Остани со здравје и пушти еден циркулар со план и програма за четврток, 17-ти.
Поздрав,
Клео