Во прилог на тоа - краток преглед на седумте најшизици у светов на современата "музика", кои ќе не натераат конечно да сфатиме какви сме ние тоа шупци уствари, чим не им ја разбираме потребата да се бават со возвишености од универзумски димензии.
1. Alexander Scriabin - Mysterium
Делото уствари никогаш не е целосно изведено, пошто главната идеја е дека изведбата треба да трае цела една недела и тоа во подножјето на Хималаите и дека веднаш по завршувањето треба да биде проследена со крајот на светот.
2. John Cage - Organ²/ASLSP (As SLow aS Possible)
Изведбата на ова ремек дело веќе некое време е почната во една црква во Германија и ако све тече според планот, крајот на изведбата ќе биде некаде 2640, со што делото ќе трае 639 години. Да, да, изведбата ќе трае 639 години. Пошто, ебате песмата ако е пократка од шесто години.
3. Karlheinz Stockhausen - Mittwoch Aus Licht
За успешно сценски да се постави ова оперско "искачање од колосек" кое датира од подоцнежниот творечки период на Штокхаузен, неопходни се 2 камили, 4 хеликоптери, околу иљаду литри боја и аудиториум од претходно со ништо нерастревожени гледачи и слушатели, кои не знаат што ги чека кога ќе влезат на местото на злочинот.
4. Brian Ferneyhough - La terre est un homme
Наместо коментар, подоле погледнете извадок од партитурата. Прилично потсеќа на шема за попраање стари нишки телевизори. Црно бели, со прва и втора.
5. Harry Partch - The Bewitched
Една од најсулудите сцени на ова дело, за кое не можете со сигурност да тврдите дали е опера или некаков заебан денс – е сцената во која оркестарот свири ама и глуми во купатилото на еден кошаркарски тим, кој пред 5 минути изгубил утакмица. Мислам, што да ти кажам... уосталом, еве го целото сочинение, па ко воли, нек изволи:
6. Yves Klein - Monotone Symphony
Идејата која стои зад Монотоната симфонија на овој француски провокатор и манијакален теоретичар – е да ја тестира вашата издржливост. Делото е у основа еден непрекинат акорд, кој оркестарот го свири 20 минути и одма после тоа уште 20 минути гробна тишина. Цигари палење надвор.
7. La Monte Young - Piano piece for David Tudor #1
Во случај да се осетите спремни да го изведете ова дело за клавир, единствената инструкција која ќе ја добиете е дека мора на сцената да донесете една бала сено и малку вода. Тогаш ви се дава слободата да одберете една од двете опции – да го нахраните клавирот или да го оставите да јаде сам. Делото се прогласува за изведено во оној момент кога клавирот ќе биде нахранет или кога истиот ќе одлучи дека не е гладен.
Ете, тоа би било накратко за авангардата.
Поздрајте га ујка ви.
Тоше Поп Симонов