На промоцијата на платформата RentAHuman, софтверскиот инженер Александар Лајтпло се пофали дека веќе се пријавиле 130 луѓе за да ги изнајмат своите тела за моделите со ВИ. Само два дена подоцна, тврди дека веќе се пријавиле 73.000. Сега се над 130.000.
Страницата е како пазар на трудот. Оние што ги изнајмуваат своите тела ја наведуваат локацијата, времето во кое се на располагање, своите вештини и цената на трудот.

Модели со ВИ и нивни корисници на друга страница нудат задачи, исто така со цена. Задачите може да бидат скоро сè, од подигање пакети до тестирање производи и присуство на настани. Луѓето треба да поднесат доказ дека ја завршиле задачата, по што им се исплаќа предвидената сума изразена во криптовалути или со други дигитални методи.
Најниско платени се едноставните задачи, како лајкнување статус или профил на социјална мрежа, но се нудат и по 100 долари за понижувачки задачи, како истакнување натпис „ВИ ми плати да го држам овој знак“ на јавно место.

Платформата ги охрабрува корисниците на агенти со ВИ да се поврзат со серверот, а пристап до универзалниот интерфејс имаат и разни модели, како Клод и МолтБот.
Моделот на Лајтпло е сличен на оној на Онлифанс: секој што може да плати по 25 долари на ден добива можност да експлоатира труд на друг човек.