
996 е еднакво на 72 работни часа неделно. Работната недела, пример во Европа, е гарантирани максимум 40 часови неделно. Дополнително, втората деветка често знае да е чисто факултативна, па вистинското работно време да се протега до 11 или 12 часот навечер.
Да не биде сè така црно има и случаи на компании кои практикуваат 995.
Системот не е некоја маргинализирана појава, во опскурни компании, туку е прифатен како официјален работен распоред кај повеќе гигантски кинески интернет компании, а и тие што не го кажуваат официјално, го практикуваат.
Да не биде дека само компаниите се кабает, кинеските експерти објаснуваат дека причината зошто се прифаќаат ваквите нечовечки услови е чист притисок на општеството. Според нив разликата меѓу приходите на кинеската средна и ниска класа е огромна, па младите луѓе кои доаѓаат од семејства од средна класа даваат сè од себе и се подготвени на 996 само за да останат во средна класа.
Ако прашањето ви е „како издржуваат?“ треба да знаете дека не издржуваат, и како што објаснува една млада програмерка: „Ако ти не работиш 996, тогаш друг ќе работи“.