
За разлика од поочигледни симболи како превртен ананас (пишувавме за една симпатична непријатност на една жена на која само ѝ се допаднале купачи со ананас), црниот прстен е дискретен начин на идентификација. Поранешен работник на крузер открил дека некои патници го носат токму како сигнал дека се дел од свингерската заедница и дека се отворени за запознавање истомисленици. Денес постојат и специјализирани онлајн продавници кои продаваат вакви прстени, претставувајќи ги како „таен код“ за препознавање во јавност.
Но, постојат и јасни правила. Прстенот мора да биде црн и да се носи на десната рака. Може да биде на кој било прст, освен на средниот. Причината е што црн прстен на средниот прст од десната рака, иако ретко, се користи како симбол на асексуалност, па носењето на тој начин може да создаде забуна или да се сфати како непочитување кон друга заедница.
Според објаснувањата на продавниците што ги промовираат овие прстени, нивната функција е да помогнат луѓето дискретно да се препознаат во секојдневни ситуации - во бар, ресторан или на патување. Носењето не значи автоматска покана, туку сигнал дека личноста е отворена за разговор. Дури се предлага и конкретен начин за започнување комуникација, како на пример ненаметливо да се спомне прстенот и:
„Да не сме во истиот клуб?“
И уште нешто било важно кај прстенов: Не значел и полиаморија - само свингерски стил на живот. Не дека како свингер не можеш да живееш немоногамно, ама прстенот си е за таа една работа и готово.
Незгодното е што новите смарт-прстени се често црни и луѓето што сакаат таква технологија можат да добијат непоканети прашања.

Ама, секогаш можеш да кажеш дека не си „во клубот“, само сакаш во секое време да си го гледаш пулсот на екран.