Кога не ги познаваш сите можни култури на светот, може да налеташ на незгодни ситуации.
Со Линда Џин и сопругот, луѓето на плажа биле невообичаено љубезни, додека не се разбрале дека ананас е симбол со кој свингерите се препознаваат меѓу себе и си даваат ишарети дека се заинтересирани за тој стил на живот.
@lindajeanw Oops no one told me 🍍🍍🍍#notswingers #oops #pineapple #ididntknow #fy ♬ original sound - Jazzy Fizzle
На пример, ако ви се видело симпатично да закачите ананас на влезна врата, да знаете дека ќе ви тропаат свингери.
Ако носите кошула/костим/накит со ананас на крстарење, или во ресорт, не значи само дека сакате ананас, или дека сте сакале да бидете слични - ќе ви се доближат повеќе парови него што е вообичаено.
Линда Џин само мислела дека се слатки.
ТикТок е инаку полн со луѓе што немаат поима. Повеќе коментари се од типот:
„Сега сфаќам дека го терав дечко ми да носи кошула со ананаси, а јас носев фустан со ананас пред две години.“
и
„Ние ова го дознавме на Хаваи неодамна, врска немавме.“
После ова сознание, оставаме на вас дали ќе ја пензионирате облеката со ананас на неа, или напротив, ќе набавите нова. Секој со своето овошје.