Зошто се зимските јакни толку скапи?

Норт Фејс, Патагонија, Канада Гус… кога се работи за чување од ладно, знаеме дека се неверојатни, слично неверојатни како цената што ја имаат. Некои чинат илјадници долари, па природно, некои луѓе ќе се запрашаат, со што се полнети, со кавијар? Зошто да чини толку многу ако само сакаш да ти е топло и да си сув кога го шеташ кучето во 6 сабајле? Зошто да чинат колку Ајфон?

Според Андреа Олсен, асистент на програмата за дизајн и развој на производи за надворешни активности, има и долг и краток одговор.

Краткиот е: се работи за многу комплексен производ. „Треба вештина за дизајн, производство, креирање на материјалите што влегуваат во него, да се сошие, ласерски да се исече, да се пораби и затвори,” вели таа. „Занаетчиска работа е и луѓето знаат што прават.”

Значи, не се шијат по чудни фабрики во Индонезија. Барем не овие скапите.

Според Олсен, многу повеќе знаење треба за да се направат зимските јакни, отколку маици на пример.

Плус, материјалот. ГорТекс е стар 50 години, но компанијата нонстоп вложува во луѓе и технологии што ги подобруваат материјалите, а сето тоа воопшто не е евтино. Ласерското сечење е процес што на производителот му овозможува да додаде џеб без да треба да го сошие - ако сакаш да продадеш јакна за илјадници долари, не може џебот да се додава фушерајски. Оние напумпани јакни, како монтки, или puffer jackets, се скапи затоа што се ужас за правење и полни се со гускини или паткини перја, кои се чуваат во посебни простории во фабриките, па таму влегуваш со маска за да не вдишеш нешто, па се мери на вага, па се носи, па се става во еден дел од јакната, па пак назад…

Затоа.

„Потрошувачите бараат транспарентност,” вели Олсен. „Сакаат да поддржат брендови што ќе ги делат нивните вредности. Но, чини пари да го направиш бизнисот оддржлив и тоа има големо влијание на трошоците.”

А, мораме ли таква јакна да имаме? Oпшто, овие јакни се дизајнирани да ги држат во живот најсериозните и најсилните планинари во најсурови услови. Постојат генерички, послаби верзии од сите најскапи јакни, и ако само ти треба за дожд или снег, од кола до врата, ќе поминеш. Но во светот на ваквите јакни постои многу силна корелација меѓу цената и она што го добиваш за нејзе.

Поточно, ако си планинар или шетач во природа, да ти треба. Ако е само за до парк со кучето, ќе поминеш и со таа од 2000. Денари.

20 јануари 2020 - 14:28