Ема Стоун објасни вака:
„Тоа не е дозволено во 2021,“ рече во изјава за Њујорк Тајмс. „Не смееме да пушиме во Дизни филм. Тешко беше без муштиклата… Едвај чекав да се движам низ облак од чад, ама не беше можно.“
Додава и „Не сакам да промовирам пушење, ама истовремено не се обидувам ни дерење кутриња да промовирам.“
Дизни забрани пушење на филм околу 2007 и таа забрана сега важи и за Лукасфилм, Марвел и Пиксар. А и обичниот гледач може да забележи дека не е само Дизни и не само категорична забрана. Последниве десетина години, ако не и повеќе, цигарите на филм се резервирани за мафијаши, наркомани, одметници од општеството и „опасни“, проблематични жени, често сексуални работнички - како реквизит што придонесува кон острината на ликот.
Целиот осврт за „Круела“ е тука.
Бонус интересно - Круела пред да почне да пуши: