Зошто Џејмс Каан не стана ѕвезда после „Кум“?

Не дека не беше битен, не е дека не го знаат сите, играше во многу успешни филмови во 1970-те, но не станаа баш класици како филмовите на Дастин Хофман, Ал Пачино и Роберт Редфорд.

На пример, има снимено телевизиски филм кој во времето кога излегол бил веројатно најуспешниот телевизиски филм евр - Brian’s Song. Масовно бил гледан и музиката била одлична. После ги има Thief, Cinderella Liberty, The Gambler, Funny Lady, и уште некои запамтливи, но ниедна улога како Пол Шелдон, што Ени Вилкс го мачеше во Misery.

И покрај сите овие улоги, забележливо е дека Џејмс Каан не стана како некои други актери од „Кум“.

Едната причина што се наведува е сообраќајка, а другата, пологичната е дека му се смачило од тој бизнис.

„Многу се работеше на медиокритети. Мислам дека режисерите дојдоа до еден момент каде што се направија себеси премногу важни. Не сакаа ништо и никој да им одвлекува внимание од нивната режисерска вештина. Имаше актери што беа добри и способни, но одвлекуваа внимание од специјалните ефекти. Тоа беше период кога си реков, веќе нема да работам.“

На сред снимање го напуштил сетот на The Holocroft Covenant и го замениле со Мајкл Кејн.

Посветил многу време како тренер за детски спортови, а во 1985 му се случила сообраќајка. Размислувал да се пензионира засекогаш, но не бил финансиски стабилен за тоа како што мислел, туку еден ден сфатил дека е шворц.

„Не сакав да работам. Ама кучињата огладнеа и им ги гледав ребрата, и си реков може е паметно.“

Џејмс Каан умре во јули, 2022. Да се потсетиме:

Овде не ни збори:

21 мај 2024 - 10:59