Музејот во Хаг каде што е изложена, има побарано од невронаучници да мерат мозочна активност при гледање на портретот и други познати дела.
Откриле дека гледачот е „заробен“ од посебен невролошки феномен што се вика Sustained Attentional Loop, или затворен круг на внимание што веруваат дека е уникатен токму за „Девојката со бисерна обетка“.
Окото на гледачот автоматски прво е привлечено од окото на девојката, па на устата, па на бисерот, па назад до окото - и така продолжува во луп. Ова нè тера да ја гледаме сликата подолго од другите - мораме да обрнеме внимание, без разлика дали сакаме или не. Или, како што ќе кажат истражувачите, „мораш да ја сакаш, без разлика дали ти одговара“.
Со мерењата откриле и дека прекунеусот, односно делот од мозокот што владее со свеста и личниот идентитет, е најстимулиран.
Вермеер често го повикува вниманието на една точка во неговите дела, а останатите детали се во дефокус. „Девојката…“ има три фокални точки и тоа ја издвојува од другите негови дела. Од таа слика - некој те гледа, додека во другите ти гледаш некој што си брка работа.
„Тоа е разликата со оваа девојка. Таа те гледа тебе,“ вели директорот на музејот, Мартин Госелинк.
За Девојката и: