За разлика од другите слики на Вермер, каде што сме само набљудувачи и по секоја цена на дистанца, „Девојката со бисерна обетка“ како да комуницира токму со тој што стои пред неа. Наместо да биде само дел од некоја сцена, таа станува психолошки субјект. И ако тогаш било толку модерно да се сликаат аристократи или свештени лица, зошто Вермер насликал анонимна девојка?