Заврши снимањето на „28 години подоцна“

После успехот на култните хорори „28 дена подоцна“ и „28 недели подоцна“, Дени Бојл само што го заврши третиот, „28 години подоцна“. Се враќа и Килијан Марфи.

Оригиналниот филм од 2002 беше хит - Килијан Марфи беше во главната улога тогаш, а сега ќе донесе и повеќе тежина со оглед на Оскарот за „Опенхајмер“. Во првиот филм се работеше за Џим, курир со точак во Лондон кој ќе се разбуди од кома и ќе сфати дека целиот град е напуштен и со тек на време дознаваме дека има вирус што сите ги претвора во зомби.

Тогаш со право се зборуваше дека Дени Бојл одново го измислил зомби-жанрот:

Во вториот дел од 2007, приказната има нов спин, настаните се после оние од првиот дел - војската се обидува да среди ситуација и одново да го отвори Лондон, но се разбира - не успева.

За „28 години подоцна“ се знае дека во кино ќе дојде на 20 јуни, 2025 и ќе се појават и Арон Тејлор Џонсон и Реиф Фајнс. Режираат и продуценти се оригиналните Бојл и Гарланд, а ќе глуми и Џоди Комер (Од Killing Eve и Free Guy) за која се знае дека ќе вежба „џорди“ акцент, што значи дека дејството може да биде сместено во Њукасл.

5 август 2024 - 11:24