Во ведриот, максималистички дом на Татиана Де Николај

Со минимализмот завршивме.

Татиана Де Николај е илустраторка и уметница, со пропатуван цел свет. Работи како независен креативен консултант, продукт-дизајнер и илустратор со водени бои.

Живее во 16-от арондисман во Париз и нормално дека кога некој те вика да му влезеш во шарена куќа - влегуваш, па макар и виртуелно.

Станот ѝ е полн со богатства во разни бои и принтови. Има богати спомени од годините поминати во Индија, каде што научила да ткае и Индија ѝ е и бескрајна инспирација за илустрациите.

Станот може не е за сечиј вкус, ама фино е да се потсетиме дека некогаш винтиџ, собирано, осмислено и сакано е подобро од Икеа (и слично).

30 декември 2024 - 00:00