Во продолжението на „Ѓаволот носи Прада“, Мерил Стрип ќе се соочува со пропаста на списанијата

Филмот (сега веќе првиот дел) влезе во класици, а од Дизни изгледа одлучиле дека продолжението ќе ги рефлектира и реалните проблеми во индустријата.

И Пак и Варајети известуваат дека ќе видиме верзија на Миранда Пристли на крајот на кариерата, што гледа дека традиционалните списанија пропаѓаат. Ќе се врати и Емили Блант, што сега ќе игра моќна директорка на група луксузни брендови, а за радување е дека се вклучува и оригиналната сценаристка, Алин Брош Мекена.

Уште не е јасно дали ќе учествува Ен Хатавеј, во моментов се чека на одговор од Дизни. Точно е дека била дури 9-ти избор за улогата на Енди, ама тешко дека може да се замисли втор дел без неа.

Приказната прво беше роман, излезе во 2003 и се смета дека е делумно базиран периодот кога авторката Лорен Вајсбергер работела за Ана Винтур.

Романот има две продолженија - „Одмаздата носи Прада: Ѓаволот се враќа“ и „Кога животот ќе ти даде Лулулемони“ (Лулулемон е популарен бренд за спортска облека). Не се знае дали ќе се црпи од нив.

Во меѓувреме, оригиналот се игра како мјузикл, и таму Миранда Пристли е Ванеса Вилијамс.

10 јули 2024 - 11:22