Ако самата помисла да го отворите плакарот и да зјапате во нередот ве нервира, не сте единствени - да навигираш низ растурен, неорганизиран плакар не е лесно, па Јаху прашува професионалец за средување плакари (зошто кај нас нема ова?) како најлесно да се ослободиме од оваа секојдневна фрустрација.
Сортирајте по категорија
Од некаде мора да се почне. Групирајте ги парчињата за да видите што имате. ако една категорија станува преголема, поделете ја на под-категории додека не добиете групи на предмети што лесно се менаџираат.
Сортирајте по боја
Ова може да биде и забавно. Бојата е одличен начин да се организира плакарот, па кога сѐ ќе добие своја категорија, можете да ги поделите повторно. Ова не само што изгледа одлично, туку функционира - лесно е за снаоѓање, плус добивате прегледност со која боја сте претерале и можете да ја седнете на клупа.
Донирајте дупликати
Помалку парчиња се полесни за средување. Откако ќе ги сортирате алиштата, разгледајте и видете што ви се повторува. Ако ви се растурени и видите еден од многуте пара црни панталони, веројатно ќе ги задржите. Ако ви се подредени по категории и бои, полесно ќе ви биде да изброите 9 пара црни панталони и да се одлучите дека ви требаат само 5.
Одлучете каде ќе живеат категориите
Она што го носите најчесто нека биде на најлесно достапна локација. Деловите од облеката што се носат ретко или сезонски (за плажа, за снег, сентиментални…) нека бидат на некоја горна полица.
Набавете исти закачалки заради кохезија
Распар, шарени, пластични закачалки можат да бидат шармантни, ама може да помогне инвестиција во кадифени, тенки закачалки што ќе одговараат меѓу себе (со што ќе ви го направат и плакарот попријатен за гледање) и плус нема да дозволуваат алиштата да се лизнат од нив.
Скроз корисно: Како да си направиш своја модна капсула