Off Café хороскоп:

Ви се чита хороскоп за денес?

Не мора притисок за цела година. За денес, чисто така, да видиш дали си на прав пат. Некои од вас не се. Некои треба малку да се потрудат. Сите сте јаки. Само малку труд треба.

Овен

Немој Овен да солиш памет по луѓе „како треба“ и притоа да не го практикуваш тоа. Во моментов ти иде и треба да се радуваш и да бидеш важен дека е така. Да си честиташ и да зрачиш со внатрешен „Ви реков јас“ сјај, така и луѓето околу тебе ќе забележат што имаш да понудиш. Ако само кажуваш гачки и ништо од тоа не правиш, губиш почит од околината.

 

Бик

Имаш ветено некои работи, дали на себе, дали на други ти си знаеш, ама време да ги исполниш тие ветувања. Нека сфатат луѓето дека го мислиш тоа што го кажуваш, и онака пола живот го поминуваш трудејќи се од петни жили да ги убедиш во тоа. Како така викаш „важи“ и после „чекај малце“? Позитивност и фокус. И ќе ти успее да исполниш сѐ.

 

Близнаци

Да не те лаже ѓаволот да се поистоветуваш со туѓите неуспеси денес. Во ред, можеби имаш пречки на пат, ама тоа не значи дека треба да трчаш назад во глувчешка дупка, копај малку внатре за самодоверба, знаеш дека ја имаш, Близнак си. Може на пример треба да фатиш поинаков пат, или да успориш малку (не може сѐ со брзање), ама издржливост - имаш, внатрешен порив за завршување на задачата - и тоа имаш. Можеш, терај, полека. Ќе дојде.

Рак

Гледај напред додека возиш, Рак, не по крави на пат. Ти треба фокус од внатре за сѐ што ти е обврска во моментов. Може ова не ти е најведриот ден годинава, ама прифати го. Сработи тоа што имаш и играњето после ќе ти биде заслужено. Да не прераскажуваме сега „Штурецот и мравката“, ама барем да се потсетиме на поентата - ако се посветиш сега на тоа што те гњави, после ќе бидеш пораат.

 

Лав

Добро ќе ти биде денес, само треба да бидеш умен и енергијата на денов да ја искористиш за да достигнеш полн потенцијал. Премногу ти доаѓа? Седни, олади, размисли и замисли ги неделите што следат. Кај сакаш да бидеш за неколку месеци? За неколку години? Напорно ти изгледа баш денес ова да го правиш? Штета. Затоа што фини работи ти се пишуваат ако фатиш да планираш на време.

 

Девица

Знаеме дека сакаш да си собиркаш податоци и да си ги запишувкаш уредно во тефтерче, Девица, и денес ти е таман ден за тоа. Да, сите денови ти се таман за уредност, ама денес посебно, за важна работа што ја планираш. Најди си утеха и комфор во работата. И немој само за пари да работиш, треба и нешто што ќе ти ја храни душата, ова да ти биде јасно. Ти треба здрав ум и здрав дух.

 

Вага

Добро бе, Вага! Да, фино е да се сонува и со отворени очи, да, тоа ти е составен дел од постоењето, ама доаѓаат моменти кога мораш да се соочиш со реалноста. Ова ти е таков ден кога треба да ти текне дека сметки не се плаќаат сами, дека ако не одиш до банка никој друг нема да ти оди и дека конечно треба да купиш тоалет папир затоа што хартиените крпи замисли, исто така се трошат! Седни, види што ти е натрупано и почни. После пак можеш да фантазираш на раат.

Шкорпија

Не знам до кога ќе се расправаме, Шкорпијо, дека упорно губиш време на секирации за неважни работи, ама толку неважни што немаат никакво долгорочно влијание, освен што ќе ти го сјебат денот, а познавајќи те, ќе им го сјебат и на другите околу тебе. Денес, фокусирај се на важни задачи и заврши ги. Држи до себе. Нека не ти одвлекуваат глупости внимание. Не е лошо да станеш покритичен кон себе, во однос на губење време за прашања што немаат врска со тебе.

 

Стрелец

Уживај денес. Расположението ти е врв и за тебе и за тие околу тебе. Опушти се, егото и емоциите ти се во хармонија, имаш причина за смешкање и ако така решиш, многу ќе постигнеш. Компас во рака, испитај што лежи напред и почни. Ќе се исплати.

 

Јарец

Денес баш и нема да бидеш движечка инспирација за народ. Денов ти е сериозен и конзервативен, како тебе и ти краде гориво. Ама - во ред е. Така некогаш функционираат работите. Мора да си активен цело време? Не. Мора цело време да завршуваш обврски по секоја цена? Не. Одмори малку и фокусирај ја енергијата на нешто што допрва треба да се случува. Смири се. Направи си мохито. Во ред е.

 

Водолија

Време е малку да се прибереш. Не, не да ќутиш и да се повлекуваш, туку да се прибереш со двете нозе на земја и да размислиш малку реално за работите. Нека ти биде јасно дека си дел од оваа планета и дека имаш некакво влијание. Вежба: Оди по улица и активно набљудувај ги нештата околу себе. Луѓе, предмети, улици, коли, сѐ. Одма е подруго.

 

Риби

Чисто да си знаеш, кога ќе направиш беља, мораш сам да си зачистиш. И тоа не мора да значи дека е во преносна смисла. Ако ти се расфрлани алишта, а кујната ти е цела со валкани садови до таван, не знам кој ти се чини дека ќе го реши тоа. Биди одговорен или ќе си сносиш последици. Ставај гумени ракавици и фати се за работа - ќе видиш какво чувство на достигнување ќе имаш на крај.

23 јули 2020 - 13:40