Вакво „Што има во ташна“ не сме гледале

Досега биле воздржани, средени жени што сакале да остават добар впечаток. На Миријам Марголис не ѝ е дојдено до впечаток.

Хејли Бибер дури и се потруди да го убеди светот дека носи едно огромно книгиште „секаде со себе“ во ташна, освежи Алекса Чанг кога си призна што има во нејзината, контра сите холивудски правила, Роси Де Палма беше врв, Памела Андерсон носеше гаќи, ама никој, никој досега не извадил кромид.

Миријам Марголис е австралиско-британска глумица и ако не сте ја гледале на друго место, сте ја гледале во Хари Потер - ја играше Професор Спраут, и таму, за жал, не дојде нејзината будалаштина до израз. Зборуваме за жената што што на Даниел Ратклиф кај Греам Нортон во емисија му рече „Дваесет години се поминати од почетокот на Хари Потер, сега јајцата ти се спуштени... Се надевам.“ Еднаш и ќе го умреше Метју Пери кога раскажа приказна за средба со Лоренс Оливие.

Ама овој пат, гледаме што има во ташна. И богами не сме виделе ваква ташна (дури и хак се провлекува - пинцета!)

Бонус, еве ја за Хари Потер:

Еве ја за Лоренс Оливие:

11 јули 2023 - 00:09