Ташната на Роси Де Палма

Сме имале повеќе „што има во ташна“ овде. Сите престануваат да бидат битни кога ќе се појави Роси Де Палма.

Една од слабите точки на Педро Алмодовар прави модна капсула со Лобутан и со Вог споделува што има во ташна. Видеото е спонзорирано, ама да не се жалиме кога од блиску се гледа везената Кристијан Лобутан торба, инспирирана од фламенко, со цела таа деликатна чипка и додатоци внатре. Од веројатно спонзорираните ствари, има пар штикли и лепеза, ама она што е поинтересно се секојдневните предметчиња што Де Палма секогаш ги носи со себе: Сентиментални ситници, амајлии, тарот карти и мечиња, меѓу другото.

25 мај 2023 - 00:00