Уште една „фризура за мајки“ е во тренд

Термин за барање идеи по интернет: mom cut.

Mom cut е малку подолга боб фризура, скоро до рамена, лесна е за одржување, изгледа добро, а практична е - таман за луѓе што се зафатени, како мајки на пример. Како дошло до mom во името, кога на мајки им е најлесно да ја соберат во „пунџа од разбиен тип“ не се знае, затоа што тешко дека оваа должина на коса ќе дозволи цела да ја собереш на теме.

@styledbylexblog Mom haircut 🥲 #firsttimemom #momtobe #pregnant ♬ TOO SWEET X RIVERS BY ALTÉGO - ALTÉGO

Зошто е во тренд, со вакво име? Популарни стилисти објаснуваат дека фризурата е спас за кога нејќеш сè да ишишаш, а сакаш да се спасиш од опаѓањето на косата, особено за време на бременост и после породување.

Од практични причини, потоа преминува во естетски - селебрити-фаци масовно се фаќаат за оваа фризура.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by em (@emmajoliedyal)

Работи на сите типови и текстури на коса. За да остане таква, се шиша на шест недели.

24 јули 2024 - 10:46