„Селебрити“ и „организација на работниците“ не одат заедно во реченица, но со штрајкот на сценаристите во Холивуд, успејаа да се поклопат. Сега уште славни личности протестираат низ Лос Анџелес и Њујорк, излегуваат од премиерите на сопствените филмови, собираат пари и се обидуваат да се вклучат во борбата - од фирми за храна, до сценографи, актери и режисери, се гледаат моменти на искрена солидарност.
Повремено, се појавуваат луѓе што како да се изземени од таа реалност - Дру Баримор најави дека ќе си го враќа шоуто, па се повлече, и тоа застаната пред минималистичка позадина, веројатно на не многу оплеменет дел од домот. Слично, кога објавија извинување што бараа од судот да биде поблаг со нивниот другар и колега осуден за силување, Мила Кунис и Ештон Качер седеа пред обичен ѕид и се извинуваа на јавноста. Тешко поминаа и двата случаи, а исто и Гал Гадот кога за малку ќе ја „откажеа“ заради она Imagine видео заради кое нè изеде туѓ срам. Имиџот после секој ваков обид им се влошува. Пандемијата ги направи супер-богатите уште побогати, а со тоа и ја зголеми разликата меѓу нив и обичниот човек кој се бори со инфлација, на пример. Порано беше интересно да се ѕирне во животот на богатите и славните, сега секоја нова фотографија и видео каде што се гледа колку се многу богати создава еден вид одбивност кај обичниот свет, и изгледа се избројани деновите кога ги следеа не само поради талентот, туку и богатството.
Франческа Собанде, автор и предавач на Студии на дигитални медиуми на универзитетот во Кардиф се согласува дека ставот кон познатите се менува со текот на годините и смета дека тоа се должи на медиумското покривање на индустриски активизам и протести. Контрастот меѓу тоа и претераното богатство на кое асоцираат славните особено боде очи, според неа.
Во вирално видео, тиктокерката Али Рукер по реакцијата на Дру Баримор илустрираше за каква разлика разговараме:
„Славните изгледаат комплетно несвесни за тоа колку јавноста се освести за класните разлики во текот на последните пет години. Самите се издадоа, ни даваат да видиме колку е голема празнината меѓу начинот на кој ние живееме и начинот на кој тие живеат.“
@allyrooker Replying to @scarlet.regina watch @Meredith Lynch’s video on Drew it’s so so good #greenscreen #strike #classconsciousness #incomeinequality #capitalism #celebrity #drewbarrymore ♬ original sound - Ally Rooker