Обвинувањето беше дека дрогирал и силувал три жени во неговиот дом меѓу 2001 и 2003 година. Беше пресудено дека силувал две во 2003, но поротата не можеше да се договори за обвинувањата од ноември 2001 од поранешна девојка.
Во целото судење огромна улога одигра Скиентолошката црква, бидејќи се наведува дека Мастерсон, инаку скиентолог, ја искористил својата позиција за да избегне последици децении после нападите. Жените тврдат дека црквата ги разубедила околу пријавувањето во полиција, а претставници им „објасниле“ дека не се силувани („не може да те силува некој со кој што си во врска, и сигурно нешто имаш згрешено во овој или во претходниот живот“), ги праќале по програми за етика и ги предупредиле да не одат против така важен член на црквата.
„Биле силувани, казнети поради тоа и виделе и последици,“ се обрати обвинителот до поротата. „Скиентологијата им рекла дека нема правда за нив.“
Црквата, како и секогаш, одрекува.
Мастерсон избра да не сведочи, а одбраната тврди дека односите биле договорени од двете страни, а дека сега жените ги „филуваат“ во сопствена корист.
За подметнувањето дрога не е обвинет затоа што нема начин да се докаже.
Има едно незгодно интервју со Конан О‘Брајан, каде што го дискутираат акцентот на Мастерсон и како пример за акцентот, одлучува да каже „Здраво, јас сум Дени, ќе ме фатиш за јајца?“ Конан прво на шала и со смеење вика „Зошто тоа да им го кажеш на луѓето?“ за после најнесмешно на свет да додаде „Сум чул за тебе. Ќе те фатат наскоро.“ Може да се сфати и како една од „мртов-озбилен“ шегите на Конан, а може и луѓето си ги знаат ваквите типови во нивните кругови.
Мила Кунис и Ештон Качер кои заедно со Мастерсон работеа на серијата што ги направи популарни, се истрчаа со писма до судијата („Не е Дени лош...“), во надеж дека ќе му ја намали казната, на што јавноста реагираше со осуда и најави на кансел.
Се обидоа и да се оправдаат некако.