Сега низ солзи кажува дека се чувствува виновна што тргнала да се враќа на шоуто без пишувачката екипа, но и дека продукцијата не ја прашува неа.
Од шоуто тврдат дека ќе продолжат со формат без сценарио, без монолози и други материјали што обично зависат од членови на синдикатот, но сепак, луѓето беа запрепастени.
Баримор рече дека сакала сама да ја донесе одлуката, без да се вмешува ПР, но сега презема одговорност за своите дела.
„Знам дека што и да кажам нема да биде океј пред луѓето што не се океј со ова. Комплетно го прифаќам тоа. Разбирам сосема. Има многу причини што ова е комплексно и сакам сите да знаат дека не сакав да вознемирам или да повредам никого. Не сум таква.“
Претходно САГ-АФТРА објавија дека „Шоуто на Дру Баримор“ е во продукција според Правилникот на мрежна телевизија, што значи дека е посебен договор и не го опфаќа штрајкот. Смее да се работи и улогата на Дру како водител не ги нарушува моменталните правила на штрајкот.
Најновото е дека Баримор сепак се повлекува.
Во изјава на Инстаграм напиша дека ги сослушала сите и дека носи одлука да ја паузира премиерата на шоуто додека не заврши штрајкот.
„Немам зборови да го изразам моето најдлабоко извинување за сите што ги повредив и се разбира на неверојатниот тим што работи на шоуто и што го направи она што е денес. Навистина се обидовме да најдеме начин да продолжиме. И навистина се надевам дека индустријата ќе најде решение наскоро.“