На почетокот на годинава, дискусијата за Оземпик, бренд на семаглутид, експлодираше откако се појавија тврдења дека славните го користат за слабеење. Го пофали Илон Маск, го проба Ејми Шумер, а десетици ѕвезди што нагло се направија стапови беа обвинети дека им се мешаат на дијабетичарите во штипки.
Оземпик е еден од трите производи со семаглутид (преку шприц) одобрени од Агенцијата за храна и лекови за третман на дијабетес тип 2 и за лекување гојазност. Тешко е да се открие од каде му е репутацијата - најверојатно од човек на човек и она што е важно да се разбере е дека семаглутидот е тип на лек класифициран како пептид-како-глукагон. Ваквите лекови прават четири работи: го зголемуваат лачењето на инсулин, го намалуваат лачењето на глукагон, го намалуваат празнењето на стомакот и го намалуваат апетитот. Воопшто не делува на метаболизмот, туку само се чувствуваш сит, па јадеш помалку.
Во однос на слабеењето, лекот едноставно помага луѓето да ги сменат однесувањата. Тие што се мачат со гојазност јадат и откако ќе бидат сити, но со Оземпик, или сличен лек, ова им станува непријатно, па долгорочно можат да се истренираат да ги сменат навиките.
Сепак, вреди да се спомне дека производите со семаглутид не се магија - кога ќе престанат со лекот, ако продолжат со старите однесувања, тежината секако ќе се врати.
Оземпик е главно за луѓе со дијабетес, индекс на телесна маса над 30 и/или луѓе со ризик од кардиоваскуларни заболувања, а индекс над 27. Иако многумина се фатија за Оземпик заради естетика, лекот е сепак поефикасен за луѓе што мораат значително да ослабнат, односно вистински гојазни.
Контраиндикациите вклучуваат повраќање, дијареа, болки во стомакот и констипација и често се благи накај средни и ги снемува за неколку недели. Можат да се избегнат со градење толеранција на лекот.
Во меѓувреме, се зборува за апче Оземпик, но се смета за помалку ефикасно бидејќи аминокиселините и пептидите не се снаоѓаат добро во киселоста на желудникот.
Се пријавуваат проблеми како парализиран стомак, или гастропареза - пациентот искусува екстремно бавно празнење или комплетен затвор. Повраќале и имале дијареа и после престанување со лекот и ова се случува сѐ почесто бидејќи веќе стана популарно и повеќе луѓе го пробуваат.
И уште нешто - самиот факт што сакаш да внесуваш помалку храна, значи дека го осиромашуваш организмот за одредени хранливи состојки. Меѓу проблемите што можат да настанат се недостаток на витамин Д, Б12 и магнезиум.