Кристиана (KhrystyAna) е активист за боди позитивити и ја организира герила ревијата на Трафалгар Сквер, откако добива пораки од жени кои се обесхрабрени по шоуто на Викторијас Сикрет. Иако им е контроверзна причината, Кристиана им прави шоу за да ги потсети дека сите се убави.
„Некои девојки се заоблени, некои се ситни, некои се во форма, некои никогаш не вежбале,” вели таа. „Жени од различни култури, со различни тонови на кожа. Трансродови жени, жени од разни возрасти и сексуална ориентација, некои целосно нашминкани, некои без грам шминка, недепилирани, вегани и месојади. Сите животни стилови се добредојдени и нема дискриминација.”
Притоа, без да ја искористи формулата која по дифолт им ја уништува позицијата на тие што плукаат по конвенционалните ревии, додава:
„Ова не е протест против Викторијас Сикрет. Ова треба да ги охрабри сите жени да се чувствуваат добро во своето тело. Сите се добредојдени.”
Вака се прави.
И уште едно, да не пропуштиме некоја: