Тајната на остварување на новогодишните одлуки

Според некои истражувања, само околу половина од новогодишните одлуки стигаат до половина јануари, а ич да не навлегуваме колку од нив се за цел живот. Но, има еден неконвенционален пристап за санирање на овој проблем. Се вика „старогодишни одлуки“.

Комбинира памет од психолози и Бенџамин Френклин лично и со овој пристап се поголеми шансите да се справиме со предизвиците што доаѓаат со новогодишните одлуки.

Има две причини што не ни успеваат одлуките - првата е дека ни фали самодоверба и општо верба за да се инвестираме во комплетен напор, па неуспехот да ја постигнеме целта станува самоостварувачко пророштво. Втората е кога ќе ни успее промената, но бавните резултати водат до напуштање на напорот што сме го вложувале.

Ова не важи за старогодишните одлуки. Наместо да се почне од јануари, се почнува порано. Како тоа функционира? Имаме цела година да се спремиме:

Прво, се идентификува промената што ја сакаме во животот - поздраво јадење или штедење, на пример. Се почнува од 1 јануари и се следи прогресот. И не е страшно, затоа што - само вежбаме. Тајната е во притисокот - не е толку голем кога си на проба, како кога си на премиера.

Има истражувања што покажуваат дека кога луѓето ќе сфатат дека неуспехот е еден од природните резултати кога се обидуваш да направиш нешто што е предизвик, има повеќе шанси да издржат до целта. Проблемот лежи кога на неуспехот се гледа како дефинитивен знак дека сме неспособни - па и дека не заслужуваме успех, и затоа имаме тенденција да се предадеме.

На овој начин многумина од нас автоматски се местат за неуспех во новогодишните одлуки - на 1 јануари се скока во нова матрица и се разбира, се лизгаш, паѓаш, стануваш, пак паѓаш и на крај - се откажуваш.

Старогодишните одлуки го тргаат притисокот и дозволуваат да се потфрли и да се научи од неуспехот. Самодовербата може бавно да се гради, а неуспесите стануваат помалку важни, со оглед на тоа што се случуваат пред критичниот „почетен датум“ за одлуката.

5 јануари 2022 - 13:04