Компанијата во чија сопственост е Луи Витон, ЛВМХ ќе ги искористи капацитетите за производство на парфеми и ќе почне да произведува дезинфекциски средства за раце, за луѓето да можат да се заштитат во време на корона. Нивните фабрики прават парфеми и шминка за луксузни брендови како Кристијан Диор и Живанши.
Велат дека сакаат да помогнат со недостатокот со кој нацијата во моментов се соочува. „Геловите ќе ги доставуваме бесплатно до здравствените власти,“ објавија во неделата. Франција веќе има 120 смртни случаи од коронавирусот.
„ЛВМХ ќе продолжи да работи посветено, колку и да треба, во соработка со француското здравство,“ велат од компанијата.
Франција ги затвори рестораните, кафулињата и продавниците од некритична важност во борба со вирусот, кој во моментов брои 165,000 заразени и над 6000 смртни случаи ширум светот.
Светските влади ги повикаа сите компании што можат да се вклучат во изработка на производите кои ги снемува откако трае вирусот.
Британскиот премиер Борис Џонсон во понеделник ќе бара од инженерските фирми во Велика Британија да се приклучат со помош, а во Кина, во екот на ширењето во февруари, електронскиот гигант Фокскон делумно го батали производството на ајфони за да прави хируршки маски.