Што значи „да личиш на мајка“?

Една фотографка има креирано серија од фотографии со нестереотипни мајки и нивните деца за му покаже на светот дека мајки има - секакви. Поточно и попросто - зелена четка на глава никако не се коси со фактот дека си посветена мајка.

Се вика Селија Санчез и станала мајка на 23. Нејзиното искуство при запознавањето на другите мајки во градинка ја инспирирало да го направи моќниот фото-проект со наслов „Посветена.“

„Откако станав мајка,“ вели Санчез, „сфатив дека не се вклопувам меѓу другите мајки кај моите деца во градинка. Помислив дека ќе биде одлично да прикажам жени кои не го жртвувале својот личен стил само затоа што се мајки и да покажам поинаква слика за збојот ‘мајка’.“

Да одговориме на прашањето од насловот - нема што „да личиш“ или „да не личиш“. Ако си посветен родител, тука завршува секоја дискусија.

Целиот Devoted проект - тука.

22 декември 2020 - 09:06