Што се случи со уникатната убавина?

Во еден момент, сите посакаа да го имаат истото лице. Не само што јавните личности почнаа да се оперираат, фарбаат, шминкаат и носат исто, туку и обичниот свет тргна по нив.

Жената што го дискутира ова на Јутјуб има многу досетливо име за каналот - UnBlah Yourself. Во основа, ако си „бла“ - прекини.

И меѓу умните видеа што ги постира го има и ова за уникатната убавина, она што го гледавме до пред само дваесетина години и по кое што денес повремено се фаќаме дека жалиме.

„Време е да ги искористите физичките „недостатоци“ - со подемот на same face culture, кога сите се трудат да изгледаат исто, уникатноста е една од најпотценетите предности што ги имате. Ако се брише секој „недостаток“, кој останува препознатлив и уникатен?“

Значи, за илустрација, погледнете го ова:

А сега ова:

Просто е неверојатно колкаво влијание имаат тие Кардашијан, без разлика колку жените се преправаат дека не ги интересираат.

Видеото:

Целиот канал - тука.

22 мај 2024 - 10:05