Што е „Синдром на златен пенис“?

Може не знаете што е, ама може и заради тоа да сте сингл.

Терминот е наводно скован од страна на студент(к)и на колеџот Сара Лоренс - место каде што студентското тело го сочинуваат 75% жени и 25% мажи - за да се опише што се случува во опкружувања (школи, градови, држави) каде што хетеросексуалните жени во голема мера ги надбројуваат мажите.

Во основа, бидејќи машко во оваа ситуација има малку до ич конкуренција, може да добие непропорционален фокус и може, благо кажано, многу да се испозанесе. Зборуваме за надувано чувство на вредност - како кога веруваат дека се премија - што пак го тера воопшто да не се труди кога се работи за врски или мувања. Ова се одигрува секогаш кога популацијата е главно женска. Во градови како Џексон, Мисисипи и Спрингфилд, Масачусетс, и во многу други школски ситуации (нека ви текне на Филолошки).

Кога авторот на книгата Make Your Move, Џон Биргер патувал и истражувал, забележал дека на „женски“ универзитети, „немало ништо посебно кај дечките…“ но поради соодносот на половите, „стварно веруваа дека им е златен.“

Се разбира, не секоја жена сака да е во моногамна врска, но за тие што сакаат нешто поозбилно, „синдромот“ сериозно претставува проблем.

Прво, дејтинг-културата каде што има недостаток на мажи има тенденција да не биде баш моногамна, според Биргер. Веројатно затоа што машките знаат дека имаат многу опции и теоретски можат баш цело време да „бркаат жени“, а немаат мотивација да бараат нешто долгорочно.

Помалку се мотивирани и да бидат забавни, макар и во кежуал контакти. Мрзливите со синдром на златен пенис знаат дека ќе им пројде и порака како „шопраиш“ во ниедно време, а ако ти не одговориш, нема да има проблем некоја друга да му одговори. Исто така, не се ни трудат да бидат повешти во љубов, разговор, внимание, ниту да научат нешто, затоа што - глупи ли се, кога и ова до сега проаѓа без проблем?

Се разбира, ќе каже Космо, ова никако не е алузија дека жените што живеат во вакви констелации се очајни, или дека ќе жртвуваат нешто што им е заслужено за еден дејт. Поентата е дека, ако живеете во главно женски град како оние погоре и веднаш се согласувате со текстот, еве пријателски потсетник: Имате опции.

Од нив, најдраматичната е да се преселите на место каде што соодносот е „тука некаде“, или каде што има повеќе сингл мажи од жени. Се разбира ова е непрактично од секакви причини, па, советот е главно - да си продолжите како што ви одговара. Вака вели клиничкиот психолог Шева Асар, и додава дека треба помалку фокус на она што треба да се направи за да се привлечат овие мажи, а повеќе на тоа што тие треба да направат за да те привлечат тебе.

Држете се до границите, и не се плашете од иницијатива, вели Асар. „Приоѓање прва демонстрира самоувереност и може да ве истакне повеќе.“

И конечно, нека ви текне дека вредите и дека и сингл животот може да биде врв. А кога имаш две опции, од кои едната е да бидеш свесно сингл, а другата е да бидеш со просечен тип што мисли дека меѓу нозе му виси златна цигла - знаеш што треба да избереш.

1 ноември 2021 - 09:13