Популарноста на терминот расте, а состојбата може и да ги надмине физичките симптоми на мамурлакот како една од најомразените последици на пиењето.
Се случува забрзано чукање на срцето и потешкотии со дишење, а сè поради тоа што алкохолот го напушта телото. Кога човек пие алкохол, мозокот се возбудува и произведува чувства на задоволство. Кога ќе испари, мозокот се напнува и бара уште повеќе. За многумина, ова трае до следното пиење и се работи за негативен циклус. За тие што пијат кампањски е малку полошо, затоа што мозокот се навикнува: кога пијат, мозокот е среќен, а кога ќе престанат, мозокот реагира со симптоми на анксиозност додека не се распијат пак.
Лекарите велат дека за тие што веќе имаат дијагноза за анксиозност, мамурксиозноста може да биде и посериозна. Сепак, постојат мерки на претпазливост што можат да се преземат пред да се почне со пиење, за на минимум да се сведе анскиозноста што ќе следи наредниот ден. Идејата што на никој нема да му се допадне е дека најлесно се спречува со - непиење, но бидејќи нема сега да се лажеме и не сме од вчера, барем може да се пие многу вода и да се јаде, затоа што тоа ја подобрува физичката состојба. Потоа, може да се пробаат техники општо препорачливи за анскиозност, како длабоко дишење или вежби за опуштање.
Тара Шустер, авторка на „Buy Yourself the Fucking Lilies“ искрено зборува за сопствениот однос со алкохолот во нејзиниот бестселер, и раскажува дека ставање крај на пиењето еднаш засекогаш можеби е и најдобра „формула“ за спас од мамурксиозноста.
„Кога пијам, она што го забележувам наредниот ден, дури и кога ми е добро, сепак сум поанксиозна,“ вели Шустер. „Алкохолот делува депресивно кога нешто тргнува наопаку, во такви моменти не треба да се користи за опуштање.“
Покрај анксиозноста, Шустер вели дека пиењето алкохол често ѝ пречи на распоредот за спиење и физички ѝ создава мачнина. Во книгата, споделува и дека едно од личните правила за конзумирање алкохол ѝ е да не пие сама, па со оглед на тоа што бевме затворени по дома, едвај и да се напила нешто последните две години.
Убаво тоа, само што - не сме готови со празниците. Со лесно.