Заводливо шетајќи ја својата мажествена начитаност на една конференција за жени-научници во Јужна Кореја, овој човек со очајна потреба некој да му поклони тример за средување несакани влакна (види фотос), шегобијно го изјави следното:
„Три работи се случуваат кога има жени во лабораторија. Се вљубуваш во нив, тие се вљубуваат во тебе (не веруем), или кога ги критикуваш – плачат,“ завршува лауреатот, залагајќи се за еднополови лаборатории (?!).

Но, да не се заборави дека жените кон кои што е оваа забелешка упатена ич не се глупи, па имаше една... реакција.
Под хаштагот #distractinglysexy, или „толку секси, што одвлекувам внимание“, жени објавуваа фотографии од себе на работа, истакнувајќи колку многу се навистина секси... Или колку многу плачеле тој ден затоа што некој ги искритикувал. Некои дури и се повикуваа на нивните еднакво „уплакани“ идоли:
„Мило ми е што Марија Кири направила пауза од плачење за да измисли радиум и полониум.“

„Маската ме штити од опасни хемикалии и го придушува мојот женски плач.“

„Плачев кога умираа и кога се лечеа пациенти од Ебола. Имам чувства и се справувам со нив. Треба и ти.“

„Фала богу што пчелите што работат се женки, инаку...“

„Не се замарај со мене, јас само си работам со пипета додека сум #distractinglysexy.“

„Сè уште сум секси, дури и после цел ден работа со клетки. Не ни плачев овој пат, ГОРДА!“

„Се вљубив во микроцентрифугата. Типична жена во лабораторија.“

„Тешко е да се работи во заедничка лабораторија затоа што им привлекувам премногу внимание на машките колеги.“

„Подоцна тој ден, ја наполнив оваа дупка со моите женски, археолошки солзи.“

„Ќути што течниов азот ми ги замрзнува солзите.“

Дали Тим Хант направил некоја пауза од многуте жени што се заљубуваат во него, па имал време да ги види сите овие изјави на љубов, не знаеме.