Сега модерно било да бидеш домаќинка

Еден нов тип на домаќинки ги открија социјалните мрежи и сега споделуваат детали од нивната феминистичка борба. Проблемот е што треба малку да се смират.

Има нов тренд, со сеизмички потенцијал на Њу лук-от во модата од ’40-ти: да бидеш домаќинка.

Може да ви се чини дека баш и не е нешто ново, ама и онака сите трендови доживуваат камбек, па што да не и „домаќинката“?

Терминот е tradwife (традиционална сопруга, жена, како сакате) и тоа е жена што не работи, за да може се грижи за децата, сопругот, домот и потоа да раскажува на социјални мрежи колку е тоа најјако.

Кој би рекол дека да бидеш традиционална жена е толку модерно? Па, уште и толку важно? Важно е очигледно, затоа што минатата недела Дејли Мејл, Тајмс и Бибиси правеа интервјуа со вакви традиционални жени и секаде ги има. Уште малку па ќе излезе дека ако не си ни традиционална, ни сопруга си - демоде.

Една од нив е посебно интересна. Се вика Алена Кејт Петит и кога не покажува на телевизиски екипи како вљубено му пегла кошули на маж ѝ и како пазари кромид, води нешто што се вика Дарлинг Академија, што претставува њуслетер и Јутјуб канал што го слави типичното британско фино однесување. Тоа што секогаш кога раскажува како нејзиниот сопруг се грижи за нејзе (а главно за тоа зборува) звучи како да зборува за татко, а не за маж е друг проблем.

Традиционалните жени ревносно на интервјуа кажуваат како се вистински феминистки со тоа што бираат да не работат. И малку да имаш читнато за феминизам, треба да ти е јасно: Жените сега имаат избор и тоа е поентата. Ако те прави среќна цел ден да печеш колачи, слободно! Е сега, дали се стварно феминистки ако се упорни дека „Сопругот е на прво место ако сакаш среќен брак“ како што има и твитнато Петит, е дискутабилно. Вреди да се спомне и дека, колку и традиционалните да тврдат дека се бунтовнички со тоа што не работат, нивната бунтовност сепак се базира на тоа што сопрузите доволно им заработуваат за да оддржат цела фамилија на нозе. Опасна некоја бунтовност е тоа!

Сепак, овде не се работи за борба со системот: овде се работи за жени што се борат со сопствената несигурност во животот. И заради оваа несигурност, инсистираат дека се гњавените, храбрите раскажувачи на вистината. Со други зборови, имаме уште една културолошка војна без поента.

И уште нешто, што е малку незгодно за британските (а богами и нашите) традиционални жени - кои инаку тврдат дека движењето им се однесува на пристојна облека и дозволување сопругот да одбере каде ќе одат на одмор - во останатиот свет, ова се смета за крајно екстремистичко, „alt-right“ однесување. Ова е за луѓе што уживаат во пораката дека (белите) жени треба да се потчинат на мажите и да се фокусираат на правење што е можно повеќе (бели) бебиња.

А сепак, инсистираат дека тоа нема врска со нив. На муабетот „Ваков профил на жена се промовираше во Третиот рајх“, Петит реагира со „Стварно? Немав поима!“ На интервју на Бибиси.

Инаку, јасно е дека ако сакаш да бидеш среќна домаќинка, не значи дека си наци. Сепак, може е време да се смират традиционалните жени со хвалоспевање на нивниот животен стил и судење на сите што не го живеат.

Не за друго, им одзема од времето се посветено пеглање и давање предност на сопргуот.

-Хедли Фримен, Гардијан

28 јануари 2020 - 12:57