Писмо до Ричард Драјфус: Не ви е уништен сонот да глумите црн маж

„Оскарите нема да ви го уништат сонот да глумите со блекфејс, само нема да можете да добиете Оскар за најдобар филм.“

Деновиве, Ричард Драјфус рече дека му се повраќа од новите правила на Академијата кои би требало да ги исполни еден филм за да добие номинација.

Клејтон Дејвис од Варајети сака да му објасни дека не е така страшно.

Постојат четири стандарди, а еден филм треба да исполни само два од нив за да може да го бираат. Овој систем е смислен за да промовира и охрабри разноликост во Холивуд и наиде на поделени реакции. Виго Мортенсен на пример рече дека се работи за исклучување, а тоа е дискриминација. Енди Самберг пак, посочи на дупките во „законот“: „Ако ги погледнеш параметрите подетално... може да ја имаш најбелата екипа во историјата на филмот и сепак лесно да ги постигнеш, со неколку клучни улоги зад камерите. Луѓето што негодуваат нека одјебат.“

Ричард Драјфус, да се потсетиме, рече дека:

„Ова е уметничка форма. Истовремено е комерцијала и заработува, но сепак е уметност. И никој не треба мене како уметник да ми кажува дека морам да ја прифатам последната, најмодерна идеја за морал.“

Ова не беше проблем, проблем беше кога се присети колку убаво Лоренс Оливие играл црнец во „Отело“.

До Адриен Броди, Драјфус беше најмлад добитник на Оскар - го доби на 30 за The Goodbye Girl. Но, Дејвис од Варајети му забележува дека вака не се гадел ни од Харви Вајнстин, ни за случајот Џорџ Флојд, но затоа пак го бранел О.Џ. Симпсон кога го судеа во 1995.

„Г-не Драјфус... Живееме во слободен свет,“ му пишува, „и ако сте инспириран, или спиритуално наклонет кон играње улога на значајна црна фигура како Роза Паркс, или неодамна починатиот Хари Белафонте, можете да продуцирате, режирате, напишете, дистрибуирате и настапите во таков хипотетички филм. Ако сакате да ја задржите „чистотата“ на уметноста во живот и сакате да најмите комплетно бела екипа, и тоа можете.

И г. Драјфус ќе може да биде и номиниран и да добие Оскар и со вакво дело. Само нема да може да го добие за категоријата „Најдобар филм“.

И вреди да се спомне, дека дури и „Отело“ од 1965 со Лоренс Оливие се квалификува за номинација за најдобар филм и покрај блекфејс-от, само заради тоа што костимографката Џослин Херберт е црна и затоа што приказната се фокусира на црн маж, иако црн маж не го играл.

12 мај 2023 - 13:05