„Ова е уметничка форма,“ вели тој. „Истовремено е комерцијала и заработува, но сепак е уметност. И никој не треба мене како уметник да ми кажува дека морам да ја прифатам последната, најмодерна идеја за морал.“
Во 2020, Академијата објави дека ќе почне со стандарди за инклузивност од 2021 „за да се охрабри еднаква репрезентација и пред и зад камерите за подобро да се рефлектира разноликоста на публиката што ги следи филмовите.“ И почнувајќи од 2024, филмовите ќе треба да исполнат одредени критериуми за да можат да бидат земени предвид за категоријата најдобар филм.
Драјфус кој доби Оскар во 1978 за најдобар актер за The Goodbye Girl, додава:
„А што ризикуваме? Дали навистина ризикуваме дека ќе повредиме нечии чувства? Не можеш да го озакониш тоа. И мораш да дозволиш животот да биде живот.“
За (проблематичен) пример го зема Лоренс Оливие и неговата улога на Отело во 1965.
„Брилијантно играше црн маж. Сакате да кажете дека нема никогаш да можам да играм црн маж? Ако е некој Евреин, не може да го игра Венецијанскиот трговец? Луди ли сме? Не разбираме дека уметноста е уметност? Ова е многу попувачки. Безумно е, луѓето се третираат како деца.“
Кога соговорникот на Драјфус реагира дека блекфејс е проблем со оглед на историјата и чувствителноста околу расизмот, конкретно во САД, Драјфус вели:
„Не треба да биде. Затоа што се прават паметни. Затоа што излегува дека сме толку нежни што не смеат да ни се повредат чувствата. Мораме да очекуваме дека ќе бидеме повредени, дека децата ќе ни бидат повредени емотивно. Не знаеме како да станеме и да го удриме силеџијата во лице.“