Режисерот Брајан Сингер му пришол додека го снимал „Теорија на заговор“ во 1997, во режија на извршниот продуцент на „Икс-Мен“, Ричард Донер. Стјуарт прво ја одбил улогата затоа што се чувал од научна фантастика после „Дина“, и „Стар Трек“. Сингер го убедил да потпише откако му објаснил дека „Икс-Мен“ нема врска со „Стар Трек“, а Ксавиер нема врска со Пикард.
Патем, Мајкл Џексон активно водел кампања да го добие професорот, ама од студиото не ни размилиле на темата.
Стјуарт не се разбирал од приказната и мислел дека има некаква врска со X-Files. Од студиото му пратиле пакет со стрипови за читање, што Стјуарт го нарекува „најзабавното истражување што сум требал да го направам“. Кога му ги покажале и го видел Професор Икс на корица, реагирал со „Што барам јас на корица на стрип?“.
Ни тој, ни Иан Мекелен не знаеле да играат шах за време на снимањето - дошол мајстор да ги учи. Во ‘70-те, имаат играно заедно во театар и тоа им помогнало да изградат однос пред камера - имало конекција меѓу нив, историја и доверба, како што кажуваат.
Откако бил завршен филмот, количката на Професор Икс ја продале на аукција, а ја купил адвокатот на Стјуарт. Потоа, им ја изнајмил за вториот дел.