Нина Симон и Дејвид Боуви

Во 1974, Нина Симон се нашла на крстопат. Седела во клубот Хипопотамус во Њујорк и се обидувала да смисли како понатаму, во еден од најтешките моменти во нејзиниот живот. Кариерата заглавена, правни битки насекаде, а иднината несигурна.

Неколку часа претходно била на концерт на Дејвид Боуви, несвесна дека судбината наскоро ќе среди да се сретнат лице в лице.

Подоцна таа вечер, во истиот клуб влегува Боуви, ја забележува и ѝ се приближува. И покрај нивните различни истории - таа како школуван пијанист и пионер во црната музика, а тој рок икона во подем - Боуви го привлекувало нејзиното присуство. Се претставил, ѝ побарал број и оттаму ја почнал нивната неочекувана конекција.

Во 3 часот наутро, заѕвонел телефонот на Нина - Боуви бил. „Прво сакам да знаеш дека не си луда,“ ѝ рекол. „Немој никој да ти рекол дека си луда, затоа што таму, од каде што доаѓаш ти, нè има многу малку.“

Зборовите ја погодиле, затоа што со години, Нина го носела товарот на „тешка и непредвидлива“, дури и неприкладна за индустријата што не ја разбирала. Но, Боуви видел каква е навистина - визионер и уметник отфрлен на маргините. Неговата емпатија и препознавање како да ѝ даваат живот.

Во следниот месец, Боуви ѝ станува постојан извор на поддршка. Се дружеле со часови, зборувале, свиреле на пијано и споделувале размислувања во нивните хотелски соби. Не ѝ бил само фан; ѝ ги разбирал битките, изолацијата, товарот на музичката индустрија што го носела.

Подоцна, Нина ќе се потсети:

„Тој чувствува повеќе од сите што сум познавала. Тој не е човек. Тој не е од овој свет.“

Нивниот однос ѝ бил потсетување дека дури и во најмрачните моменти не била сама.

Охрабрувањето од Боуви одново ја потсетило на страста за музиката. Му се вратила на пијаното, не затоа што светот го барал тоа, туку затоа што некој ја потсетил на нејзината вредност и место во светот. Нивната приказна е сведоштво на моќта на емпатијата и влијанието што може еден човек да го има на нечиј живот.

„Должност на уметникот е да го рефлектира времето во кое живее,“ има кажано Нина во еден момент.

А, во тој момент, Боуви бил одраз кон враќањето на силата и брилијантноста на кои имала речиси заборавено.

24 март 2025 - 00:00