Имате ли тетоважа за која жалите?
Анџелина Џоли се разбира дека има. Тетоважата на која пишуваше Били Боб, од времето кога се шлапаше со Били Боб Торнтон кај стигне и откако се разделија мораше да ја вади со ласер. Ја замени со датуми и локации на раѓањето на нејзините деца.
(Не се трудиме простачки да се изразуваме, Анџелина Џоли озбилно инсистираше сите да знаеме дека многу се лапаат и сѐ друго околу тоа.)
Аријана Гранде мислеше дека истетовирала „7 прстени“, како насловот на нејзиниот албум, додека не ѝ посочија дека пишува „Јапонски скара прст“. Мораше да ја преправа.
Џастин Бибер ја имаше Селена Гомез, која откако раскинаа ја преправаше, ама џабе кога сите знаат што имало под тоа.
Ники Минаж има „Бог е секогаш со мене“ на кинески, што ја смета за непотребна и советува да се чека до 21 година за да се дозволува тетоважа.
Кели Озборн е во процес на отстранување 15 тетоважи - меѓу кои и еден синтисајзер.
Меган Фокс ја вади нејзината Мерилин Монро тетоважа од дискутабилни причини. Тврди дека е „негативен лик, затоа што страдала од нарушувања на личност и била биполарна,“ а Меган не сакала таква негативност во животот.
Мелани Грифит имаше класика срце со „Антонио“ во него, што го извади кога се разделија во 2014.
Откако се разведе со сопругот Тони Паркер, Ева Лонгорија го извади неговиот број на дрес од врат, датумот на венчавката од зглобот и неговите иницијали од „непозната локација“.
Хајди Клум имаше спирално напишано „Сил“, што исто така го извади откако се разделија.
Наравоучение? Ако тетовирате нешто на странски јазик, прашајте некој што му е мајчин. Ако ви се тетовира некоја моментална опсесија, размислете два (три, четири) пати. Ако ви се тетовира името на дечкото/девојката - немојте.
Или бркајте работа, па ќе се најде некој мајстор што ќе го покрие тоа.