На младите веќе не им се троши без усул

Со оглед на тоа какви трошоци за живот имаат и каква криза е со климатските промени, младите се потпишуваат на „Ништо веќе не купувам.“

Последниве години, има сè повеќе млади луѓе што се префрлаат од брза мода кон изнајмување и поправање облека, купување од втора рака или купување поквалитетно. Овие навики се показател за една поголема социјална промена - соочени со кризата на трошоци за живот, климатските катастрофи и пандемијата што помина, сè повеќе луѓе се заветуваат на помала консумпција и поодржливо трошење.

Дури 46% од Британците имаат кажано дека еколошката одржливост им влијае на домашните навики за купување. За Кет Батлер, 36-годишна графичка дизајнерка која Гардијан ја интервјуира, последната капка била кога ѝ се отпарале нови хеланки.

„Тогаш кажав дома - не купувам веќе ништо,“ вели таа. „Ако не ми се допаѓа, ќе го препродадам. Речиси како библиотека за облека.“

Престанала да купува „евтини и гадни“ работи, „ужасни за околината“ и си ветува дека ќе купува само носена облека.

Во обид да ги намали трошоците и да купува поодговорно, Батлер пазари на сајтови како Винтед и иБеј, плус во продавници за добротворни цели што вели дека секогаш ѝ е возбудливо.

Други споделуваат дека направиле промени од типот купување тоалет хартија на големо од одговорни компании, готвење дома за да избегнат процесирани оброци, пазарат во локални продавнички или се откажуваат од тоа што ним им е „непотребен луксуз“.

Се оди до тој степен да се откажуваат од викенд-патувања бидејќи „еден летен одмор е доволно“, укинување на некои претплати за телевизија, до крпење чорапи и капути.

Мисијата на движењето е како што е можно помалку да влијаеме негативно на околината, а притоа да внимаваме на цените.

Наспроти ова жонглирање, заштитните лица на екологијата се возат со по 4 авиони во рок од 11 дена.

4 декември 2023 - 14:27