Ви текнува на Фајр Фестивал? Онаа фешта на неспособни дечишта плус Џа Рул, разулавени низ еден недолжен остров, со пури и пивца, што промовираа лепршаво лајфстајл искуство во вид на фестивал? За кое требаше да се платат илјадници за карти и не се случи? Имате цел врвно-сеирџиски документарец на Нетфликс, во случај да сте го промашиле. А и овде ги начнавме.
Еден куп манекенки и инфлуенсери се согласија да направат хајп на социјални мрежи со канење луѓе да бидат „дел од незаборавно искуство“.
Сега судот им рече „кај се парите“.
Постот на Џенер инсинуираше дека и нејзиниот зет, Канје Вест ќе биде меѓу првите со настапи на фестивалот.
„Искористете го мојот промо-код KJONFYRE во наредните 24 часа за да ве има на список за афтерпарти,“ пишуваше во постот, кој оттогаш е избришан, а ѝ било платено 250.000 долари да го сподели.
Во март 2018, ко-основачот на фестивалот Били Мекфарланд беше обвинет за измама по два основи и осуден на шест години затвор. Организацијата беше избрукана, вработените со смкнати глави даваа изјави за филмот, а на Мекфарланд не му дојде памет и продолжи да се обидува со слични финти да извлекува пари од народ, додека не го фатија.
Ама, мора да го гледате филмот!