Платформата е всушност Шопифај, и таму е сместен Јизи.ком на Канје каде што ја продава неговата модна колекција. Сега од таму потврдија дека ја деактивирале продавницата затоа што „трговецот не ги следел правилата“.
„Сите трговци се одговорни за следење на правилата на платформата. Овој трговец немаше автентични трговски практики и ги наруши нашите правила и го отстранивме,“ се вели во изјавата.
Од вчера нема сајт и посетителите се среќаваат со пораки „Нешто не е во ред“ и „Продавницата е недостапна“.
Самата платформа на Шопифај ја користат голем број сајтови за да продаваат и иако не назначува кои точно правила не се испочитувани, условите за користење забрануваат „производи и активности што се сметаат за небезбедни, неприкладни или навредливи.“