На Американците им е гајле за Оскари

Знаеме дека никој не сака да ги води Оскарите. Ама сега дознаваме и дека на публиката не ѝ се ни гледаат.

Според Холивуд Репортер, гледаноста на Оскарите паѓа драматично од изданието со Елен Деџенерис - тогаш беше 43.7 милиони гледачи, а наредната година со Џими Кимел беше 26.5 милиони. Не дека второво е малку, ама па првото е толку многу повеќе!

И да, филмаџиите, модните ентузијасти и малите чудовишта на Гага веќе се спремаат за 24-ти февруари, ама според едно истражување, просечниот Американец не ни знае кои филмови (може да) се во игра. Испитани се над две илјади Американци, од кои 20% знаеле кој филм победил во 2018-та, а 58% не можеле ни да погодуваат. Тоа, најверојатно затоа што „Последниот џедај” беше најгледан со 620 милиони долари заработувачка, а 45 места зад него беше оскаровецот „The Shape of Water”, со 68 милиони.

Слични резултати има и на прашањето за 2017-та кога само 20% мислеле дека Ла Ла Ленд победи во категорија најдобар филм, а само 12% знаеле дека Мунлајт бил вистинскиот добитник.

А не е дека немаше предупредувања дека вредностите на Холивуд онакви какви што ги знаеме ќе почнат да пропаѓаат откако некои форми на активизам отидоа и кај што треба и кај што не треба.

22 јануари 2019 - 04:23