Во жешките летни вечери во 1981, не било необично да се начека Дејвид Боуви, како си подава надувана топка со драг-квинови во базен во дискотека, или Грејс Џонс да ја пее Ла Ви Ен Рос качена на Харли Дејвидсон во клубови како Ле Палас - парискиот одговор на Студио 54. Откако го затвориле во 1996 и го окупирале сквотери неколку години, оваа падната кула на парискиот ноќен живот функционира како концертна сала и се бави со предизвици од тип отвори-затвори заради пандемииштето.
Но, месецов, музеите во Париз добија зелено светло за отворање за јавност и со нив оваа легендарна локација ја претставува сопствената трансформација - во храм на Зиги Стардаст.
Ќе бидат прикажани над 1000 ретки парчиња во музичка изложба наречена Bowie Odyssey. Позајмени се од двајца најголеми приватни колекционери во светот и од посветени фанови на Боуви - на пример неговиот извод од книга на родени од 1947, костими на Зиги Стардаст, невидени фотографии, најретките винили, реликвии и меморабилија - сето тоа вредно собирано над 50 години.
Изложбата трае до март, 2021, а ние ни вакцини нема да имаме до тогаш, животе имаш ли душа.