Сепак, врската со која медиумите биле опседнати траела само неколку месеци, пред славниот пар да се разведе поради „ментална суровост“. Кратко по разводот, Тарнер открила дека е бремена - што било сериозен проблем за МГМ, само што, за разлика од случајот на Лорета Јанг, овие дознале.
Во тоа време, повеќето филмски студија барале од нивните женски ѕвезди во случај на бременост или да абортираат, или да се откажат од кариерата, за да се задржи имиџот на сексапил, а во некои случаи и девствената, детска слика за нив. Поради овие правила, Тарнер морала да се изложи на нелегален абортус на Хаваи.
За да не се посомневаат медиумите, Хауард Стриклинг, главниот за односи со јавност во МГМ средил Тарнер „да го посети Хаваи за промо-турнеја“. Кога пристигнала, морала да истрпи абортус без анестезија во нејзината хотелска соба, додека мајка ѝ ѝ ја држела устата да ги придуши врескањата. Процедурата чинела 500 долари и ѝ ги одбиле од плата.
Едвај недела подоцна, се вратила да го снима Зигфилд Грлс, заедно со Хеди Ламар и Џуди Гарланд. Вестите од тоа време кажуваат дека за време на снимањето била хоспитализирана поради „истоштеност“.
А, не е ни единствена.