Колку треба да си без мозок

Додека луѓе умираат од коронавирус, Европа враќа визи, а Америка забранува летови од и до Европа, една гуска лиже шолји по авиони и тоа го нарекува - Корона предизвик.

Сме виделе ние глупост, не дека не. Имавме и голтање детергенти и секакви бисери како демонстрација на човечката глупост, ама ова е за на пиедестал.

Ава Луис има 22 години и е инфлуенсерка од Мајами. Два пати била на „Д-р Фил“ да ја дискутира својата слава, каде што има и изјавено дека порадо би умрела млада и згодна отколку стара и грда, и очигледно прави сѐ што може за да си го оствари тоа.

На ТикТок објави видео каде што лиже капак од шолја во авион, па после го сподели и на Твитер. Кратко подоцна го тргна, ама тоа не значи дека луѓето не ја направија партал.

Нејзината реакција? Не ѝ е многу гајле. Ама има објаснување и за тоа.

Затоа што е без мозок. Нејзе ова ѝ било социјален експеримент.

Коронавирусот досега уби над 7000 од 183.000 заразени.

И кога ставот ви е „а бе, глупости ајде, грип, шо има везе, сите мора да умреме, дома ли да седам бе брат“, може не сте скроз оваа, ама блиску сте.

Останете дома.

Сакате идеи за седење дома?

Еве.

Ама дома.

17 март 2020 - 10:47