Колку често треба да ги менувате пижамите и тренерките?

Кои, да се разбереме, сега ви се униформа.

И онака беше тешко да се стане од кревет, сега па за време на глобална пандемија кога сите бараат од нас главно да седиме дома - бетер. Меѓу полесните работи - нонстоп си во пижами или тренерки. По дома. Демек на чисто. Нема да ве прашаме колку често ги менувате и ги перете. Ама ќе ви кажеме колку често треба.

Бидејќи е важно да се одржува хигиената на највисоко ниво, постојат правила и за ова, а и некои други основни хигиенски правила, дури и во изолација кога не гледаш никој освен домашните.

Пижамите треба да ги перете после три-четири носења, но ако се туширате пред спиење, може да издржат уште некој пат. Ова важи и за тренерки, ама секогаш има исклучоци на правилото.

На пример, ако имаат дамки на нив, треба да се исперат што е можно побрзо и да не се носат веднаш. Ако имате средство за флеки, може да се помине и со тоа пред перење.

Општо е полесно да забушаваш и да ги носиш повеќе отколку што треба, само што - доаѓа лето. Со лето доаѓа и пот, а и веќе можеби вежбате кардио или јога по дома, или едноставно - се потите и ова значи дека може ќе треба да се префрлите на друго парче облека што ќе ви биде поудобно - и почисто.

За пењоари важи истото и треба да се перат на четири носења.

И на крај, најважно - редовно треба да ја перете постелнината (еднаш неделно), бидејќи чистата облека нема поента, ако со нејзе легнувате во нешто 2 месеци неиспрано.

Супер е што можеме да носиме пижами почесто, ама не е лошо да се биде вака паметен по тоа прашање.

3 јуни 2020 - 00:00