На некои не им се верува со оглед на строгиот став што Ванс го има против имигрантите, но Уша е ќерка на двајца Телугу Индијци доселени во САД.
Има 39 години, прва генерација Американка е, родена и порасната во Сан Диего, Калифорнија. Мајка ѝ е биолог и постар администратор на Универзитетот на Калифорнија, а татко ѝ е инженер.
„Мојата историја е многу поинаква од на ЏејДи. Јас пораснав во Сан Диего, во средната класа, со двајца посветени родители, и двајцата имигранти од Индија и со прекрасна сестра,“ има изјавено таа на Национален републикански собир во 2024. „Тоа што со ЏејДи воопшто сме се сретнале, и плус што сме се вљубиле и сме се венчале е пример за оваа силна земја.“
Има дипломирано право на Јејл и е доктор по јуриспруденција. Има и мастер од областа на филозофијата од Кембриџ. Работела за повеќе конзервативни судии, меѓу кои и Брет Кавана. Најнеодамна, има работено во адвокатската фирма Мунгер, Толс и Олсон - позиција која ја напушти откако нејзиниот сопруг стана републикански кандидат за потпретседател.
И двајцата студирале право на Јејл и се засакале на предавања. Во мемоарите од 2016 што ги напиша Ванс - Hillbilly Elegy - раскажува дека се запознале на некоја заедничка задача, но за кратко се вљубил во неа. „На место што секогаш ми беше малку непознато, присуството на Уша правеше да се чувствувам како дома,“ пишува тој.
Заедно дипломирале во 2013 и се венчале следната година. Имаат три деца, Еван, Вивек и Мирабел.