Фенел ова го најави на Твитер со постер и текстот Be with me Always, Take any form и Drive me mad. Во моментов, други информации нема.
Не дека е прва, претходно, „Оркански висови“ е адаптирана цели 13 пати за филм, на различни јазици, со различни спинови на оригиналниот роман на Емили Бронте, која ја има напишано под псевдонимот Елис Бел и е единствен нејзин објавен роман, чие влијание до ден денес се чувствува. И покрај многуте обиди да се стави на филм, романот има добиено репутација дека е на граница на „неснимлив“. Последни адаптација имаше во 2011, со Каја Скоделарио и Џејмс Хаусон.
— Emerald Fennell (@emeraldfennell) July 12, 2024
За Фенел сметаат дека е меѓу ретките што би успеале во задачата, особено после готскиот хит Saltburn, каде што без воздржување ја прикажа англиската аристократија и богатите имоти.
Во меѓувреме, стварно мора да го гледате Promising Young Woman. Нема врска со готика, ама барем да видите за што е способна Фенел.