Кендал Џенер никако да куртули од културолошко присвојување

Сега има реклама за текила и ја караат дека се појавува во „мигрантско шик“.

Џенер решила да произведува текила. Освен што тоа им брца во дебело црево на малите мексикански бизниси за текила кои се (фатално) алергични на буџовани што им се мешаат во работата и практично ги оставаат без работа, Кендал Џенер во обид да спреми убава рекламна кампања пак ја утна работата.

Кампањата е полна мотиви од релевантната култура - работници на локација, дегустирање текила - но и Кендал Џенер со плетенки и облечена, навидум скроз обично, но сепак да личи како да е дел од нив. Проблемот е што не е дел од нив, а сака да личи.

Идејата во кампања да ги има фармерите со агаве е дека сакале да се прикаже кој реално ја прави целата оваа работа можна, ама сепак, луѓето сметаат дека аутфитот што го носи Џенер, го носи како костим.

Ако сме искрени, малку се во право, ама малку е цепидлачење:

Или не е?

„Зошто е текилата важна за мексиканската култура?“ вели еден твит. „Затоа што ниедна друга земја не може да произведува текила; важна пијачка е затоа што ја пиеме кога сме среќни, тажни, славиме, жалиме, итн. и важна е за економијата на земјата. Многу семејства, особено во Халиско, Мексико произведуваат текила за мексикански брендови или имаат свои мали бизниси за текила. Тоа што им се натна Кендал Џенер и си почна сопствен бренд предизвикува да си ја загубат работата за сметка на големи имиња како неа.“

Покрај реакциите што посочуваат на модерни колонозаторски аспирации, се коментира и

„Немој да ме зафркаваш… Остави на Кендал да нема поима како да се однесува, колку навредливо. Го шеташ тој „шик мигрантка“ изглед, па после ќе плачеш дека не си знаела дека е така.“

Овој случај е ни ваму ни таму, ама чисто како информација, не ѝ е прв пат да лута во оваа сфера: тука, тука и тука. Па и тука.

21 мај 2021 - 12:46