Какви чизми!

На писта, спремни за есен 2020, се прошетаа чизми од повеќе брендови. Некои, како Брендон Максвел си се држат до некоја класика со мал пресврт тука и таму. Некои... Па, да речеме дека се безобразни, и тоа одлично безобразни.

Прво, да се помириме дека грдите чизми очигледно немаат намера никаде да одат, напротив, имаат намера да не преплават. Толку е полно сѐ со „моите чизми се погрди од твоите“, што некои од нас уште патат што не можат по продавници (дури и по странство!) да си најдат класични модели. 

Откако ќе се помириме, можеме да почнеме да бараме убавина во новото. Затоа што, колку и да е чудно и неочекувано - токму тоа таму му лежи привлечноста. Како кај Версаче да речеме:

Версаче

Версаче

Или Ричард Квин. Кожни панталони што почнуваат од ѓон нагоре. Чудесно. Подоле има вакви и на Марк Џејкобс.

Ричард Квин

Или Москино! Насловот, со извичникот заради овие е. Колку им е нив гајле. И колку се овие чизми добри за кафе во маало, сфаќате ли вие.

Москино

А Монклер се труди сѐ со сѐ да ви одговара. Може и гаќи вакви продаваат.

Монклер

Ех, Мајкл Корс. Ќе ти стане одбивен брендот затоа што секоја шуша што има Фешн ТВ дома досаѓа со Мајкл Корс ташна што виси од подлактица, ама Мајкл ќе смисли нешто вакво пре-прејако и немаш веќе проблем.

Мајкл Корс

Еве, како што спомнав погоре, Марк Џејкобс:

Марк Џејкобс

Марк Џејкобс сакал да не се мачите посебно да купувате хеланки и штикли или чизми. Сакал сѐ да ви биде одеднаш овозможено.

Марк Џејкобс

Од цел список, Гучи е највеќе за пофалба. Ова е чудно, бизарно, проблематично за гледање, а истовремено е неваспитано и безобразно на начин што те тера да пробаш да се замислиш во него. И бидејќи на пиедестал е ставена уникатноста, Гучи веројатно е на врв, од тука.

Гучи

Особено во споредба со Габриела Хрст. За Гучи, Хрст како да работи во Геокс.

Габриела Хрст

И сега Ферагамо. Мислете што сакате, ама ова не е од „доброто грдо“.

Ферагамо

Ова е безидејното, досадно грдо:

Ферагамо

Дури тука малку ја оправаат работата. Не дека се најдобрите чизми што сте ги виделе, ама занимливи се. 

Ферагамо

И како за врхунски бренд, и Фенди доста јако се мести кај глупото грдо.

Фенди

Што да му правиме на моделов, на пример:

Фенди

Еве на овој може и може нешто да му се најде фино. Поточно, не - на деталите на него може да им се најде фино - моделот е сѐ уште тапа.

Фенди

Бурбери, интересно, ама... така.

Бурбери

И еве го Брендон Максвел.

Брендон Максвел

Од таму решаваат да се држат до проверено, чисто колку да нѐ освежат од бои и „моето е погрдо од твоето.“

Брендон Максвел

Брендон Максвел

И на крај Ботега Венета. Ни најдобро, ни најлошо.

Ботега Венета

Ама во секој случај, секоја чест за ново, индивидуално, уникатно и несекојдневно. Има да се изнагледаме чизми за неколку месеци.

-од Харперс Базар

24 февруари 2020 - 16:56