Како Бен Афлек и Мет Дејмон го избраа вистинското студио за „Добриот Вил Хантинг“

На 60-та страна од сценариото, напишале од никаде, нималку логична секс-сцена со Вил и Чаки.

Го однеле во сите поголеми студија и никој не ја ни спомнал сцената. Кога се сретнале со Харви Вајнстин во Мирамакс, им рекол:

„Имам само една голема забелешка. Околу 60-та страна, двете главни улоги, и двајцата стрејт мажи, имаат секс-сцена. Што е со  таа работа?“

Дејмон и Афлек објасниле дека ја ставиле сцената таму за да видат кој темелно ќе го прочита сценариото, а кој не. Вајнстин бил единствениот што го спомнал и затоа филмот завршува кај Мирамакс.

На еден семинар во 2003, Вилијам Голдман (Princess Bride), ја отфрлил упорната гласина дека бил реалниот автор на „Добриот Вил Хантинг“.

„Многу би сакал да кажам дека јас сум го напишал. Еве ја вистината. Во некролог ќе кажам дека сум јас. Луѓето не сакаат да мислат дека тие двајца слатки дечки го напишале. А тоа што се случи беше дека тие го имаа сценариото. Нивно беше. Му го дадоа на Роб (Рајнер) да го прочита и имаше многу сцени каде што ФБИ пробува да го искористи Мет Дејмон за шпионажа затоа што брилијантен со математика. Роб рече Извади го тоа. Потоа ги пратија да се видиме. Се најдовме во Њујорк и само им реков Роб е во право. Извадете го тоа со ФБИ. Терајте со семејството, со Бостон, со тие убави работи, и така направија. Мислам дека луѓето одбиваат да го сфатат тоа затоа што на нив двајца, кариерите им се далеку од пишување и мислам дека е штета. Ќе ви кажам и кој има напишано чудесно сценарио еднаш, Силвестер Сталоне. Роки е чудесно сценарио. Боже, прочитајте го, прекрасно е. Има чудесни работи, а тој одеднаш престана, затоа што е полесно да бидеш филмска ѕвезда и да заработуваш многу, отколку да влезеш во пештера и да пишуваш сценарио. Но, јас не го напишав Вил Хантинг, сепак. Не би ја напишал сцената со Не си ти виновен. Мислам, таа сцена каде што се гушкаат Робин Вилијамс и Мет Дејмон, Не си ти виновен, не си ти виновен, си мислев Фројд би бил во агонија со оваа сцена. Но, Холивуд знае така да прави со психијатри.“

Кога Голдман умре во 2018, во некрологот во Њујорк Тајмс се спомна гласината и истовремено се отфрли, со неговите зборови од истиот семинар.

„Г-н Голдман беше баран доктор за сценарија, познат по непризнаената работа. Се веруваше дека го напишал сценариото за Добриот Вил Хантинг, филмот што во 1997 им донесе Оскари на Мет Дејмон и Бен Афлек за најдобро оригинално сценарио. Тој одрече. Рече, би сакал да можев да кажам дека сум го напишал, но сепак не.

11 јули 2024 - 11:51